БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: БОГАСТВО

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Македонското општество е богато општество. Додуша, не може да се пофали со економски развој, ниту со образование, култура или здраство. Не може да се пофали ниту со бројни и развиени патишта или железница. Уште помалку со чесност и доследност. Затоа, пак, прекипува од политичари, аналитичари и експерти, меѓутоа и од мноштво партии, кои ниту имаат идеолигија, ниту знаат за идеологија, а уште помалку за класиците/втемелувачите на определена идеолигија или политичка ориентација. Сепак, битно е дека сѐ знаат и дека за сѐ нашироко и богато разговараат, толкуваат, објаснуваат. Тоа ме потсети на Леонардо Шаша и на неговиот роман „Секому неговото/A ciascuno il suo“, објавен 1966 год. Дејството се случува во провинциско гратче на Сицилија, 1960 година.

„– ‘Оние пци не го читаат ни Волтер.’ А во речникот на кафаната ‘Ромерис’ (во неа се одвива дискусијата, заб. Љ.Ц.) политичарите беа нарекувани пци.
– ‘Волтер? Тие ништо не читаат, ни весници не читаат’, рече баронот.
– ‘Има марксисти, кои не прочитале ниту една Марксова страница’, рече господинот Ромарис.
– ‘Како и народњаци – баронот не сакаше да ги именува како демохристијани – кои не прочитале ни страница од Луиџи дон Стурцo.’
– ‘Ех, дон Стурцо!’, рече неговата екселенција Мосца, манифестирајќи досада.“

Така, некако, можат да се поврзат Сицилија од минатиот век и денешна Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace