БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: Неспоредливи разлики

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

За разлика од Заев, Алексис Ципрас (Грк по потекло!) без каков било комплекс ја спомна Граѓанската војна во Грција (1946-1949) во која заедно се бореа македонските и грчките партизани/комунисти; бегалците од Војната; недоличното однесување на грчкaта држава кон Македонците во 1983 година, кога не го дозволи враќањето на имотите; Словарот/Букварот на (славо)македонски јазик; ги потсети сегашните грчки комунисти дека некогаш заедно, раме до раме, се бореле со Македонците; ги потсети на Мирка Гинова… За разлика од него, Заев никогаш не се осмели, ниту ќе се осмели, било што да изусти од она на кое постети Алексис Ципрас, бидејќи за Заев недостојно било да се биде патриот. За разлика од Ципрас, Шарените го испоганија едно од обележјата (на Порта Македонија) посветено на децата бегалци.

Тогаш, како е можно да се направи било каква споредба меѓу Заев и Алексис Ципрас, бидејќи се работи за неспоредливи величини? Излегува дека поголема почит кон Македонците и кон нивната историја, имаат некои немакедонци од некои Македонци. Меѓутоа, признанието на Ципрас, колку и да е достојно за почит, не може да биде оправдување или прифаќање на Преспанскиот договор. Сепак, тоа мора да се нагласи, Ципрас кажа многу повеќе за Македонците од многу Македонци по етничко потекло.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace