Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Зелен пазар во Скопје, при што се потпиша на петицијата за укинување на Законот за организација на пазарите со кој драстично се зголемуваат давачките на пазарчиите:

Денес го посетив Зелениот пазар.
Потребно е итно укинување на законот кој се однесува на пазарите. Пазарџиите ја имаат мојата целосна поддршка.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата „За подобра Македонија“ и пратеничката група, во рамките на Собранието поднесе закон со кој што практично бараме укинување на ова законско решение по итна постапка. Ќе се организира јавна расправа, на истата јавна расправа ќе бидат поканети и луѓето тука од пазарите во Република Македонија да можат да си ги кажат маките, и да можат политичарите од владата да ја слушнат вистинската вистина и вистинските сведоштва на овие луѓе за сите овие проблеми со кои што они се соочуваат. А, не само да ветуваат пред избори, а потоа фино залегнати со топлинки, и навлечени во кожни фотелји да носат законски решенија од ракав што не само што не се функционални, туку и носат зло за оваа категорија на граѓани.
Јас денес го дадов и својот потпис против овој закон.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Љутков: Развојот на туризмот е еден од нашите главни приоритети
И денеска Мицкоски имаше свое обраќање на Минхенската безбедносна конференција
Најава за консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа