Драги сопартијци, браќа и сестри, со голема чест и задоволство сакам да ве известам дека на синоќешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНе, по предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Д-р Христијан Мицкоски сум избран за претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Му благодарам на претседателот Мицкоски и на целиот ИК за укажаната доверба , како и на сите активисти и членови на партијата кои во изминатиов период ми изразија поддршка. Ве уверувам дека во идниот период максимално ќе се посветам на промоција и јакнење на УМС, ние сме младина која е авангарда во Македонија, младина која секогаш била извор на идеи и процеси кои допринесувале за подобра иднина за младите. Огромна обврска е да се води најголемата младина во Македонија. Во наредниот период ќе ги поминам сите градови во Македонија, сите ОК и секој еден млад човек во државата.
Ве повикувам на големо обединување на сите млади околу УМС, да бидеме генератор на идеи, проекти и да бидеме зракот кој ќе ја навести зората. Да ги победиме заедно црнилата на власта. Зората мора да изгрее за Македонија.
Да живее УМС!
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да е живее МАКЕДОНИЈА!
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути
Николоски: Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Кривогаштани, Крушево, Росоман се поврзуваат со модерен пат со главниот град
Продолжува трендот СДСМ од опозиција да промовира реализација на проекти на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ