Уставот на Република Македонија не предвидува второ давање мандат за формирање на влада. Сепак, после неуспешниот обид на Никола Груевски да обезбеди парламентарно мнозинство, Претседателот на Државата (Ѓорѓе Иванов) мандатот го довери на Зоран Заев, наместо да се распишат нови парламентарни избори. Тоа беше преседан (поточно, прекршување на Уставот) кој доведе до она што доведе – до 27 април 2020 година, формирање на законски и уставно проблематична „влада“, како и проблематичено избран претседател на Собранието. На тукушто завршената прес-конференција Стево Пендаровски, во улога на Претседател на Државата, отворено кажа дека со Уставот не е предвидено второ сукцесивно продолжување на вонредната состојба, но дека во името на доброто на граѓаните, тоа ќе било продолжено под друга форма, сеедно што уставно не е позната. Значи, повторно се прави уставен и законски преседан.
Да не должам – досегашната историја на т.н.р. самостојна Македонија е полна со преседани. На тој начин, и самата стана преседан држава, со преседан политичари, преседан мерки, преседан одлуки или договори. Тоа значи дека преседаните престанаа да бидат преседани, туку нормален начин на политичко и државно функционирање. Вистински преседан ќе се случи онај миг кога ќе се прекине со практикувањето на преседани. Дали тоа ќе се случи, е веќе прашање кое навлегува во сферата на гатањето, магијата, предвидувањата… Накусо, во паранормалните појави.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи