Господинот Самуел Жбогар разложно, во негов стил, смирено објасни дека аферата „Рекет“ преминува во реално шоу. Уште да кажеше чија беше идејата, како и со чија подршка беше формирано оригиналното реално шоу во Македонија, придонесот на Жбогар ќе беше огромен. Исто така, не ќе беше лошо ако кажеше дали некои од познатите учесници во реалното шоу „Рекет“ (од кое, веројатно, не е изземено ниту СЈО) беа симпатизирани/подржувани од ЕУ и „меѓународната заедница.“ Со тој потег, ќе дадеше неизмерно голем и конструктивен придонес во разбирањето на македонските процеси, бидејќи, покрај конструктивната „опозиција“, конструктивноста треба да биде одлика на ЕУ, како и на ценетата „меѓународна заедница.“ Патем, познато е дека опозицијата (која и да е) не постои за да ѝ одобрува и ласка на власта, туку да ѝ опонира. Во спротивно, и не би била опозиција.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
JO: Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“ меѓу кои и претседателка на ДКСК
Вицепремиерот Николоски оствари средба со Стивен Даути, министерот задолжен за Европа и Северна Америка во Обединетото Кралство
43 годишен штипјанец нападнал полицаец додека вршел службени дејствија