Сè повеќе се тврди дека во Косово на повидок е нова хуманитарна криза. Според некои, таа е почната: немало храна, вода… Дуќаните/продавниците масовно се затворале. Понудената помош, од страна на Протекторатот, месното српско население со индигнација ја отфрлало.
Немам доволно податоци дали навистина е на повидок хуманитарна криза над српското население или веќе почнала. Сепак, знам дека пред т о ч н о дваесет години (1999) се тврдеше дека во Косово се случува вистинска хуманитарна криза. Тогаш, како што се тврдеше, не беа загрозени Србите, туку Албанците. Се разреши, ако тоа воопшто беше решение, така што скоро три месеци Србија и Црна Гора, неисклучувајќи го и Косово, речиси три месеци беа бомбардирани од нашиот стратешки партнер НАТО. Дури тогаш настана вистинската хуманитарна криза, која се прошири надвор од тогашните административни граници на Косово. Не знам дали ова што сега се случува е само реприза на тогашната премиера, како што и не знам дали Хегел бил во право кога тврдел дека историјата се повторува – еднаш како трагедија, вторпат како фарса. На оваа позната Хегелова теза, Маркс додал дека е така (дека се менуваат местата трагедија-фарса) за да може човештвото полесно/повесело да се ослободи од своите предрасуди.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!