Меркел, пред некој ден, притисна врз Бугарија. Џабе! Бугарија и понтаму по свое. Денес Мајко Хас, притисна врз Бугарија. Повторно, џабе! Бугарија и понатаму по свое. Што моќ ќе беше тоа во рацете на Бугарија, па цела ЕУ ја врти околу својот мал прст? Одговорот, од умно умните глави, веднаш ќе го добиете. Имала право на вето, а тоа право да ти било едно од темелните права/вредности на ЕУ – дообјаснуваат умно умните глави. Точно, Бугарија навистина има право на вето, сѐ до оној момент додека ЕУ не ѝ сопре само една финансиска славина. А Бугарија е, тоа е повеќе од вистинито, чувствителна на славини. Ете, дотука оди бугарското право на вето. ЕУ, сепак, не сопира ниту една славина. Дека некој се шегачи со македонските граѓани е повеќе од јасно. Само што оваа вистина треба секојдневно да се повторува, наместо да мантраат за „моќта“ и тврдоглавоста на Бугарија.
Пишува: Љубомир Цуцуловски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Не сакаме хидроцентрали, фотоволтаици, дата центри, рудници… ама сакаме клима уред да дувка, да има струја вечер кога појдеме дома, да се “бесиме” на AI и секако поголема просечна плата! Македонија не смее да биде заложник на незнаење, некадарност и мизантропија
Политичкиот контекст на прашањето: Дали постојат навистина бесплатни подароци?
Фељтон: Македонскиот шарпланинец – живо национално богатство кое заслужува поголема грижа (четврт дел)