БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: ВРЕМЕ ЗА ОПТИМИЗАМ?

Пренеси го гласот

Венецијанската комисија го даде своето мислење за Законот за употреба на јазиците. Во мислењето не само што е потенцирано дека неговото практично спроведување ќе биде тешко (вклучувајќи ги и материјалните, економски моменти), туку и понудените решенија, смета Комисијата, ретко се видени во светот. Нормално, ако воопшто се некаде видени. Наедно, се укажува на проблематичната постапка со кој Законот е донесен. Сепак, ова не е мислење кое влева оптимизам. Зошто? Прво, реагираа од Алијансата на Албанците, тврдејќи дека до ваква ситуација немало да дојде ако, наместо со закон, употребата на албанскиот јазик била регулирана со Уставот, односно ако албанскиот јазик станел уставна категорија. Што значи тоа, секому е јасно. Некој ќе забележи дека промената на Уставот не е можна без двотретинско мнозинство. Меѓутоа, досега беа направени повеќе преседани, преобразувајќи ја Република Македонија во преседан држава и, од друга страна, потребното мнозинство многу лесно беше обезбедувано. Второ, Артан Груби (член на ДУИ) нагласи дека дека со овој Закон бил сочуван (пазете!) мирот во Македонија. Веќе и од овие две изјави, дадени од две големи албански партии во Р.М., може да се заклучи дека допрва ќе следи вистинска борба за употребата на албанскиот јазик, бидејќи Алијансата (преку Арбен Таравари) бара негово подигање до ниво на уставна категорија, додека Груби непосредно прети со нарушување на мирот во Државата.

Според тоа, Македонија далеку е од каков било оптимизам. Тоа значи дека и понатаму (најверојатно) ќе се гради според принципот на преседани и присила.

Креирано од:


Пренеси го гласот