Градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски преку социјалните мрежи со свое соопштение ја афирмираше мерката со која општината овозможува бесплатен оброк за учениците од 1-во до 5-то одделение во Основното општинско Училиште “Методи Митевски Брицо” во Лозово
“Почитувани,
ГРИЖАТА ЗА НАШИТЕ ДЕЦА ПРОДОЛЖУВА!
Од денес продолжуваме со реализација на една од мерките која веќе неколку години успешно ја спроведува Општина Лозово, бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение при ООУ „Методи Митевски – Брицо“ – Лозово.
Оваа мерка е наша континуирана заложба за поддршка на најмладите и на нивните семејства, обезбедувајќи им на учениците секој училишен ден квалитетен и здрав оброк.
Особено ме радува што мерката продолжува успешно и оваа учебна година, затоа што покажува дека кога се работи посветено и одговорно, добрите политики стануваат трајна практика.
Нашите деца заслужуваат најдобри услови за растење, учење и развој, а поддршката на семејствата е наша обврска и приоритет.
Како Локална самоуправа, продолжуваме да вложуваме во нашите деца, нашите семејства и нашата иднина.
За најмладите, секогаш повеќе грижа, повеќе можности и подобри услови!
Заедно создаваме подобра иднина!”
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани