И официјално Малезискиот носорог на Суматра е исчезнат вид, со смртта на последниот познат примерок.
25 годишниот носорог познат под името Иман угина во саботата на островот Борнео, соопштија официјалните власти. Овој примерок кој бил женка бил заболен од рак.
Последниот мажјак-носорог угина во Мај оваа година.
Малезиските носорози некогаш биле широко распространети низ цела Азија, но сега се речиси целосно исчезнати од дивината, со помалку од 100-тина примероци за кои се претпоставува дека постојат. Овој виде сега е критично загрозен.
Популацијата на носорози е широко загрозена поради ограниченоста на нивниот природен простор за живот и фрагментираната природа.
Неколку обиди кои биле направени од страна на повеќе институции за размножување и одгледување на носорози не вродиле со резултати за опстанокот на овој загрозен вид.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ
Предупредување од пет зборови што сопругот ѝ го упатил на сопругата додека таа го снимала како пука во неа откако дознал за нејзината афера