БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кока Кола е најлош загадувач со пластика во светот втора година по ред

Пренеси го гласот

Компанијата Кока Кола е прогласена за најлош загадувач со пластичен отпад од страна на глобалната анкета спроведена од страна на невладината организација “Да се ослободиме од пластика” (Break free from plastic).

Извештајот објавен во средината на минатата недела покажува дека интернационалната компанија која произведува безалкохолни пијалоци е одговорна за производството на пластичен отпад повеќе од трите наредни меѓународни компании кои се најдоа на оваа листа заедно.

Преку 72000 волонтери распоредени во 51 држава во светот во месец септември работеа во групи на плажи, во речни корита, низ улици собирајќи пластични шишиња, ќеси, остатоци и друг отпад за потребите на ова истражување.

Истражувањето покажало дека Кока Кола е далеку кајлош загадувач со 11732 пластични парчиња забележани во 37 земји на четири континенти, земајќи ги во предвид бројките од вкупно 2.5% од целата пластика анализирана за време на истражувањето. Оваа компанија е извор број 1 на пластичен отпад во Европа и Африка и втор најголем производител на пластичен отпад во Азија и Јужна Америка.

Нестле (Nestle) и Пепси (PepsiCo) се рангирани на второ и трето место според резултатите на анализата.

Други компании кои се наоѓаат во топ 10 производителите на пластичен отпад се Марс, Проктер и Гембл, Колгејт Палмоливе и Филип Морис Интернационал.

Според податоците достапни во јавност Кока Кола признале дека на годишно ниво произведуваат 3.3 милиони тони на пластика, што е еквивалент на производство на 220.000 шишиња во минута.

Многу од компаниите дале декларативни ветувања дека нивното произвотство ќе го фокусираат на рециклирачки материјали за амбалажа, но од споменатата невладина организација соопштуваат дека рециклирањето не е магичната формула за решавање на проблемите со загадувањето на планетата земја со пластика.

Креирано од:


Пренеси го гласот