БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Вака се навива и слави јубилеј со срце. Навивачите од “Фаланга” Штип викендов прославија 30 годишно постоење

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Навивачката група “Фаланга” од Штип викендов го прослави јубилејот 30 години постоење.

Одбележувањето започна со видео најава на социјалните мрежи со краток промотивен клип

За петокот беше организирано дефиле со автомобили низ урбаниот дел од Штип а вечерта беше приредена спектакуларна “баклијада” на Исарот при што беа запалени голем број навивачки “бакли” чиј што визуелен ефект беше видлив од цел Штип но и подалеку од околните места.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Главната “фешта” на навивачите на штипска “Брегалница” беше во саботата пред и за време на натпреварот со ФК “Саса”, кога беше изваден на виделина целиот навивачки арсенал на штипските сини.

За целосен впечаток јубилејот беше прославен и со забава за младите со бендот ХОТЛАЈН како и локални ДЏ-и во Домот на млади во Штип.

Креирано од:


Пренеси го гласот