БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љупчо Папазов со порака до граѓаните на Кочани: Не дозволувајте да ве лажат повеќе, земете ги работите во ваши раце!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција Љупчо Папазов- кандидат за градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста ги афирмираше проектите од неговата програма од областа на социјалната политика за жителите на Кочани.

Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата прес конференција:

Во однос со детската и социјалната заштита, ние ќе се заложиме и за отварање на објект од детската градинка ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА во С. ТРКАЊЕ и заеднички објект во с.Подлог. Со изградба на нови простории до Основното училиште во с.Тркање, ќе отвориме објект на детската градинка „Павлина Велјанова“ за згрижување на децата од Тркање. Местоположбата на овие три села е добра основа за отворање на заеднички објект на детската градинка „Павлина Велјанова“ за згрижување на децата од овие села.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОСЕБНИ ФОНДОВИ ЗА ПОДДРШКА НА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИТЕ е исто така еден од нашите од нашите приоритети, а во исто време ќе се погрижиме за отворање и функционирање на Дневен центар за деца со аутизам. Реализацијата на проектот за изградба на старечки дом и воспоставување на мобилни сервис-служби за помош на стари и изнемоштени лица ќе овозможи да ја подигнеме грижата на повисоко ниво за нашите највозрасни сограѓани. Ние сме во служба на граѓаните и ќе работиме за посигурна иднина за сите.

-рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Кочани Љупчо Папазов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace