Развојот на капацитетите на локалната самоуправа е еден од приоритетите на работата на градоначалникот на општина Виница Миле Петков. Како дел од меѓународната соработка на општината Градоначалникот Петков воспостави соработка со УСАИД каде што преку проект се овозможува надградување на капацитетите на вработените во повеќе области од делокругот на нивното работење. Во таа насока во кабинетот на градоначалникот Петков беше организирана средба со претставници на УСАИД за што беше разговарано за текот и деталите за самиот проект:
“Денес имавме работен состанок со претставници на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на којшто разговаравме за поддршката која општина Виница ќе ја добие од Проектот, во следниве области:
-Управување со општинските јавни финансии,
-Планирање и извршување на буџетот,
-Фискална транспарентност и отчетност, -Планирање и прибирање на приходи од сопствени извори,
-Пристап до надворешно финансирање и
-Овозможувачка средина за вклучување на приватниот сектор.На состанокот постигнавме консензус за моменталното ниво на капацитетот кој општината го има во сите области што претставува појдовна точка за дизајнирање на техничката помош која општина Виница ќе ја добие со имплементацијата на Проектот.”
-соопшти Градоначалникот Петков во јавноста во врска со оваа средба.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево