Вакцинацијата против сезонски грип во целата држава ќе почне в среда (18 октомври) и ќе се врши во центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици. Вакцината ги покрива типовите вирус на грип кои циркулираат во северната хемисфера, соопшти Министерството за здравство.
Вакцината ги покрива типовите вирус на грип кои циркулираат во северната хемисфера, вклучувајќи го европскиот регион и Македонија, подготвена е согласно препораките на СЗО и штити од два типа на вируси од групата A и еден тип на вирус од групата Б, а производител е Абот од Холандија, стои во соопштението.
Вакцинацијата е единствена превентивна заштитна мерка против грип и се препорачува за лицата над 65 години, особено хронично болните лица, мали деца под три години со намален имунитет, здравствени работници, лица со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и воопшто за лица со намален имунитет. Вакцината против грип е незадолжителна вакцина и се дава на доброволна база.
Од Министерството информираат дека цената на вакцинацијата против сезонски грип изнесува 400 денари, како и минатите години.
Извор:Курир

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ
Предупредување од пет зборови што сопругот ѝ го упатил на сопругата додека таа го снимала како пука во неа откако дознал за нејзината афера