Утрово мајка ми гледа репиза на Очи в очи со Огнен Јаневски, па така случајно разбрав дека човеков таму почнал да им држи предавања не само на гледачите кои се јавуваат (и не се сложуваат со промената на името, туку и мене од уста не ме вади.
Не ми е пријател, ниту некогаш ми бил, но ќе му пренесат гарант што сум рекла: проблемот не е во North/Notrthern Macedonia, туку во нешто сосема друго. Договор кој е спортивен на устав, кој бара од тебе да си ја смениш преамбулата и сите одредби каде се споменува уставното име, кој наметнува обврски за трети држави, кој те деноминира дури и дома, па уште како гаранции за имплементација предвидува полициски методи – таков договор нема никогаш да биде прифатлив!
Затоа, не си го губете времето во финесите, јазички или технички, проблемот е ОГРОМЕН и е од сосема друг вид.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, гласаа против решавање на статусот на бранителите.
„Финансиска поддршка и дополнителни мерки за најзагрозените категории граѓани – Донесена програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година“
Левица со Предлог – закон за патни трошоци за работниците