Роднокрајниот писател и новинар во пензија Васил Маневски пред споменикот на паднатите борци во Втората Светска Војна 1941-1945 во Делчево (тогашно Царево Село) денес зборуваше за загубената традиција на организацијата на Меѓународната манифестација “Гоцеви Денови”.
“Убав повод е кога го славиме Илинден во градот што го носи името на Гоце Делчев, да потсетиме на веќе една подзаборавена културно-научна манифестација “Гоцеви Денови”. Манифестација која ги обединуваше литературните творци, играорците, театарските работници… сите љубители на убавата уметност и научниот збор. Ја користам приликата да потсетам да размислиме заедно за возобновувањее на култната манифестација “Гоцеви Денови” овде во Делчево. Мојот апел е до народните претставници во општинското собрание, да покренат иницијатива а Советот да донесе одлука за возобновување на манифестацијата и тоа да не чекаме долго туку уште наредната година со планирањрто на буџетот да бидат предвидени скромни сретства за таа намена а тоа и не бара многу. Така ќе го вратиме сјајот на манифестацијата, така ќе овозможиме голем број луѓе од политичкиот од културниот од општествениот живот па и наши сонародници од другите земји да доаѓаат во Делчево да го славиме великанот Гоце Делчев и да го славиме нашето вековно постоење, со желба во иднината секогаш да не води неговата мисла за разбирањето на светот како поле за културен натпревар меѓу народите.”
-изјави за нашиот портал г-динот Васил Маневски во врска со идејата за возобновување на манифестацијата “Гоцеви Денови”.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во Етнокуќата во Кочани – изложба на рачни изработки со ткаење
44 годишна жена од Берово нападнала своја сограѓанка во нејзиниот дом
Тројца жители на с. Црник, пехчевско со трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во шумското подрачно стопанство “Равна Река”