Екипи на Јавното претпријатие “Исар” од Штип поради интервентни активности за санирање на постоечки дефект на булеварот “Партизанска” во Штип, вечер после полноќ ќе го прекинат доводот на вода за домаќинствата за повеќе населби во градот.
“Поради работни активности за санирање на дефект на бул.Партизанска после полноќ до завршувањето на работните активности ќе биде прекинато водоснабдувањето во населбите 8-ми ноември, Пребег, Исар, Ново Село, Железничка, Три Чешми и дел од централното градско подрачје.”
-информираат од ЈП “Исар” Штип при што ги замолуваат граѓаните на разбирање поради ваквата наметната состојба.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”