Денеска Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов во придружба со директорот на Јавното претпријатие “Стипион” Игор Ефтимов извршија увид на активностите за уредување на нов, современ спортски терен во приградската населба Три Чешми
“Населбата Три Чешми наскоро ќе добие нов модерен, целосно осветлен и ограден спортски терен со специјализирана тартан подлога. Нашата цел е секоја населба да добие нова современа спортска инфраструктура, на која ќе рекреираат и спортуваат нашите сограѓани.”
-информираше градоначалникот Иван Јорданов во врска со реализацијата на овој проект.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево