Во склоп на активностите на Ротари клубот Кочани-Виница, денеска во кругот на Територијалната противпожарна единица – Кочани се изврши примопредавање на противпожарна заштитна опрема, којашто Ротари клубот ја обезбеди од доброволните противпожарни друштва на Словенија.
Опремата се состои од 40-тина заштитни одела со заштитни кациги, чизми, млазници, кислородна боца, дрегер, потпона пумпа и црева.
Заштитната опрема е распределена и предадена на ТППЕ Кочани, ТППЕ Виница и Доброволното Противпожарно друштво – Кочани.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово