БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Весна Јаневска со апел до родителите – без ваш ангажман, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство ќе биде неефикасна

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Врсничкото насилство може да запре само ако сите, и институции и наставници и целата заедницата, се ангажираме целосно. Но, посебно важна е улогата на родителите. Недостасува поголема грижа и посветеност од многу семејства кон своите деца. Не од сите, но од многу семејства недостасува токму таа воспитна компонента, што е основа за здраво растење. Анализите велат дека најчест причинител на врсничко насилство е семејното насилство и занемарувањето на децата.

Последниот случај на врсничко насилство покажа деца со недостиг на емпатија и со изобличени вредности. Едни се изживуваат врз дете, а други стојат настрана, снимаат и се забавуваат, наместо да му помогнат и да го заштитат. Ова е аларм за целото општество.

Токму затоа на национално ниво инициравме директни средби со родителите на децата и со наставниците. На таква средба присуствував денес во населбата Ченто. Целта е да ја подигнеме свеста, отворено да се предочат проблемите, да се слушнат предизвиците со кои се соочуваат семејствата и училиштата, како и да се разменат идеи и иницијативи за заедничко делување против врсничкото насилство. Добив предлози вредни за размислување.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Паралелно во овој период реализираме и обуки за стручните соработници во училиштата за препознавање на семејно насилство преку однесувањето на децата на училиште и за спречување на понатамошно трансформирање во врсничко. Досега се реализирани обуки за стручни соработници од 30-тина општини во Македонија, во соработка со Комората на психолози, МВР и Министерството за социјална политика, за што изразувам голема благодарност.

И да, од септември ќе следат нови мерки, меѓу кои и парични казни за родителите на учениците кои ќе извршат насилство во училиштето, но и за родителите кои ќе одбиваат соработка со училишните служби.

-соопштение на Министерката за образование и наука упатено до јавноста по повод последните случувања и инциденти поврзани со малолетници од кои се згрози целокупната Македонска јавност

Креирано од:


Пренеси го гласот