БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Виктор А.К.А. Башлак, Голем срам !!!

Пренеси го гласот

Честит Илинден Македонци, да ни биди за многу години и да си го славиме вечно. Вечно св. Илија да биди наш заштитник и патоказ кон божјата љубов и светлина.

Изминатиов Илинден се одбележаа116 години од Илинденското востание и 75 години од првото заседание на АСНОМ врз кое се удрени темелите на денешната Република Македонија. Покрај радоста за двата Илиндени која преовладува во срцата на сите Македонци, покрај прославата на овој голем христијански празник, оваа години на славното место викано “Мечкин Камен” се случуваше голем срам.

Прво голем срам е да се обрати на самата церемонија лик како Зоран Заев, а уште поголем срам е да си донесиш таму послушници кои си ги вработил на грбот на народот, да земаат плати од пари кои ги позајмуваш од разни Европски банки, за да скандираат “северна, северна …” и да го провоцираат народот кој присуствува таму на “Мечкин Камен”, а не го дели истото мислење со нив.

Па иако знам што сте, морам реторички да го поставам прашањето: Што сте вие бре луѓе ? Луѓе ли сте, македонци ли сте, христијани ли сте, што сте ??? Разбирам, не го почитувате ВМРО, вие сте левичари, Комунисти итн. Ама ајде да се потсетиме зошто и како е формирана комунистичката партија во Тетово во 1943.

Комунистичката партија на Македонија е оформена во Март 1943 година со цел обединување на Македонскиот народ, организирање во една единка со цел отпочнување на организирани борби против окупаторот за Македонско национално ослободување преку народно ослободителна борба. Не се формирале за да ги провоцираат неистомислениците, да се борат против нив, туку да ја остварат истата цел за која тие се бореле само на поинаков начин со поинаква идеа. Народно ослободителната борба во Македонија резултирала со првото заседание на АСНОМ.

Дали некој од вас „големи Комунисти„, мразачи на ВМРО, знае со која химна се отворило првото заседание на АСНОМ ? Појма немате, тоа била првата химна на Македонија:”Изгреј зора на слободата” компонирана од Александар Морфов, по иницијатива на Тодор Александров големиот водач и идеолог на ВМРО. Таа песна, химна, ја пееле додека марширале и ВМРОвците, ја пееле додека марширале и македонските комунисти. Но ваши идеолошки татковци не се Кузман Јосифовски – Питу, не е ваш идеолошки татко Методија Андонов – Ченто, па дури не сте достојни ни за Киро Глигоров кој исто така го сметам за историски престапник. Ваши идеолошки татковци се Тито Петковски, Бранко Црвенковски, Ѓорѓи Спасов и пред се македонскиот Лекс Лутор, Љубомир Фрчковски.

Имено, браќа и сестри, вие ако бевте само 10% од Комунистите кои ги сметате за свои идеолошки татковци и учесници на АСНОМ, немаше да го провоцирате мирниот народ на Мечкин Камен кој отишол таму да оддаде почин на хероите и немаше да викате “северна, северна …” и да се однесувате како невоспитани мали деца. Вие браќа и сестри сте Социјал Демократи, не сте никакви левичари и Комунисти. Вие сте обични сатанисти, обични либерали. Односно кога ќе размислам подобро, вие сте поголеми либерали и од либералите. Вие немате никаква допирна точка со левичарското движење, бидејќи тоа ви сметаше и ви тежеше на совеста и во 90десетите го отфрливте и станавте Социјал Демократи, односно либерали.

Либерализмот е надградба на фашизмот кој за разлика од фашизмот своите неистомисленици ги уништува духовно, а не физички. Истото се случува и на другата страна во десничарскиот блок. Некој од поодамна се труди десничарко ориентираните партии да ги одвлече под плаштот на центар-десничарските коалиции во класичен либерализам, како тоа  што е случај со социјал демократите.

 Тоа се обидуваат политичари кариеристи да го направат и со ВМРО-ДПМНЕ и од петни жили се трудат партијата од десничарско движење и десничарка ориентирана партија да ја одвлечат во центар-десничарскиот блок и да ја либерализираат.

Браќа и сестри, срамот на Мечкин Камен никогаш нема да ви го заборавиме, а тоа северна, ќе ви го погребаме во првиот можен момент и ќе го осудиме на смрт тоа ваше неславно поглавје во нашата мила Република Македонија. Срам за вас браќа и сестри кои со скандирање “северна, северна…” ги осквернавивте и Илинденците од 1903та, како и АСНОМците од 1944та.

Пишува: Виктор А.К.А. Башлак

Креирано од:


Пренеси го гласот