БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Виктор А.К.А. Башлак, Издржете …

Пренеси го гласот

Поминаа 8 месеци откако на брутален и крајно недемократски, окупационо-фашистички начин ни го променаа името на нашата македонска држава, од Република Македонија во непостоечка северна.

Издржете.

Дрско запоставена народната воља искажана на референдум. Издржете.
Се апсат политички неистомисленици на секој чекор и се водат преку 700 случаи против опозициски функционери од страна на власта.

Издржете.

Се води случај Талир со кој се уценува најголемата опозициска политичка партија.

Издржете.

Задолжувањето на Република Македонија од ден во ден се зголемува и зголемува, па се очекува до крајот на мандатот на Заев да достигни до 63% од БДП. Издржете.
Генералниот секретар на владата фатен до гуша во скандали, мито, корупција. Издржете.
Зоран Заев и бандата го продаде идентитетот, го продаде името, го продаде Самоил, Климент и Наум, Гоце Делчев, го продаде целиот народ, а за возврат не доби ништо.

Издржете.

Нашите властодршци анти дипломатски не срамат на секој чекор, презентирајќи елементарно дипломатско непознавање. Врз разговори со руски пранкери, цела година владата креирала државни политики и стратегии, во однос на украинското партнерство и во однос на решавањето на проблемот со црквата. Колку не зрело, како тинејџерки преку апликацијата ВАЦ АП. Премиерот Заев на истете руски пранкери, преку истата апликација, им оддавал државни тајни, телефонски броеви од светски политичари, со еден збор дипломатски срам.

Издржете.

Да бидиме реални и искрени пред се кон самите себеси, Република Македонија е окупирана, а македонскиот народ поробен. Со занемарувањето на народната воља од парламентарните избори и со помош на ЕУ и НАТО членките Македонија беше окупирана и на македонската територија, врз македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија беше воспоставена Квинслиншка влада на чело со Зоран Заев.
Дека окупацијата е жива за прв пат се почувствува за време на референдумското изјаснување, кога прашањето, какво такво, го отфрлија 63% од македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија. Но сила бога немоли, целосно на мускули ја истуркаа агендата.

После 8 месеци од тој чин, дали можи некој, кој било, па дури и Костадин на мајка Костадинов, да ми кажи барем 3 позитивни работи кои се случија на македонците во нивната северна ?

Такво нешто нема, а нема ни да има.
Досега оваа ваква ненародна и Квинслиншка влада требаше да биде црно минато на Република Македонија, но тоа со пасивност не се прави, тоа со пресови не се прави. Дали сериозно очекувате овие луѓе да се повлечат само поради тоа што ние сме ги фатиле кај што крадат од народните пари ? Па нормално дека нема да се повлечат, ќе измислат 1000 изговори и нема да се повлечат.

А исто така што ми е многу, ајде да не речам глупо, тоа е: да си против Зоран Заев, а да сакаш да влезиш во ЕУ и во НАТО, од каде што Зоран Заев добива амин за сите злодела што ги има направено во Македонија во последните 10сетина години. Да си против Зоран Заев, а да си за во ЕУ и НАТО од каде Зоран Заев ја влечи цела поддршка и сила, е апсолутно против сите закони на физиката, а богами и против законите на логиката.
Зоран Заев доби сила за да го прескокни референдумот од ЕУ. Доби сила , ако имаше успешен бојкот на претседателските избори, да си прогласи победа, како тоа што беше случај во Албанија, каде со амин од ЕУ, на 21% излезеност, Еди Рама си прогласи победа, а ЕУ ги призна изборите. Мислам смешно е да сме против Заев, а да сме за ЕУ.

Но сепак, ЕУ, засега, за Македонија е мисловна именка и некоja многу далечна иднина, ние треба прво да се позанимаваме со нашите властодршци. Овој тиран мора скоро да падне !!!

А како да срушиш нелегитимна, некадарна, слаба, дезорганизирана, арамиска, манипулирачка, квинслиншка … влада ?
Оваа влада паѓа само од улица, протести и блокади. Поинаку ќе треба да чекаме редовни избори, а дотогаш сите ќе бидиме одамна закопани до гуша во што се не, од нивното слабо до очајно работење, или брилијантно добро неработење. Како сакате.

На сите омаловажувања, ние одговараме конструктивно. Што треба да се случи за да излезиме на протести ? Треба да почнат да идат по дома, како во 1949та, и да ни ги земаат куќите ? Тогаш можеби малку од малку ќе мрдниме. Мора одлучно и силно да се реагира против Зоран Заев и неговата влада, доста покажувавме конструктивнот, чекајќи од бога росица. Нема росица и таа ја украдоа.
Доста покажувавме разум, бидејќи омаловажувањата од страна на Заев и неговите разбојници, ги поминаа сите граници на разумот.

Но сепак, вие издржете, македонецот е пиреј. Ама цела историја само не требат, дали не се изморивте од таа пиреј судбина ?

Автор: Виктор А.К.А. Башлак

Креирано од:


Пренеси го гласот