БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Виница домаќин на неверојатните “Dancers United“, момците и девојките кои ги рушат сите бариери на вродената попреченост

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кога би го проследиле настапот на успехот, дарбата, интелегенцијата , емоцијата и жарта која ја пренесува оваа група, ќе сватите дека не се опишуваат со зборови. Присутните кои беа дел од се што подготвиле оваа група, изобилуваа од позитивна енергија и воодушевување.

ОУ “Гоце Делчев“ од Виница, беше домаќин на лицата со Даунов синдром, инаку активни членови на групата Dancers United, и светски прваци во пара хип-хоп. Младите танчари Оливер, Ена, Моника, Александар, Дарко, Христијан и Ана, и на дело покажаа дека за нив не постојат препреки кои можат да бидат посилни од нивните желби, од нивните емоции, од тоа да сакаат, да споделуваат, да успеваат, да бидат на врвот. За нивниот успех заедно со координаторката Сара Кочан, ни раскажа мајката Надица Блажевска:

“Групата функционира 5 години под менторство на Сара Кочан која премногу верува во нивните способности, дури повеќе и од нас самите родители. Дојдовме до големи резултати, кои не се успех само за нас, туку за целата држава. Пред три години бевме трето место во Копенханген, на Европско првенство во Италија освоивме прво место, а најголем успех ни е настапот во Киелце (Полска) на светско превенство, каде во октомври го освоивме првото место. Вербата и силата на овие деца е преголема, со тек на време премногу се вложи за да го постигнеме тоа што се постигна. Родителите сме научени да бидеме жртви за овие деца. Децата се пресреќни кога се во клубот, се ослободуваат со танцувањето, буквално забораваат на се, и навистина се препородени кога ќе излезат од час, Често имаме регионални настапи, во мај 2019 повторно одиме на европско првенство, а секако нема да изостане учеството и на светското. “

Тој нивни успех беше добар повод “Dancers United“, да бидат специјални гости во рамките на настанот “Еднаквоста во фокусот“ во Виница.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Покрај музички настапи на ученици од ОУ “Гоце Делчев“ и од Школата за гитара при Домот на културата “Тошо Арсов“, се организираше и изложба на стари фотографии од Виница, фотографии направени од лицата во Дневниот центар, како и продажна изложба на рачни изработки исто од центарот во Виница.










Креирано од:


Пренеси го гласот