На протестите против државниот удар извршен во Боливија не стивнуваат немирите и борбата за домородното население.
Протестантите за викендот го закачија знамето на загрозеното домородно население Випхала на статуата на Че Гевара која што е висока 30 стапки во Ел Алто.
Знамето стана симбол на отпорот откако расистичките сили на безбедноста кои го подржаа државниот удар а кои го уништуваа и палеа знамето кое го претставува домородното загрозено население.

Оваа статуа нејзиниот автор ја направил од рециклирани метални делови од различни машини, мотори, тркала и останати механички резервни делови, и таа го претставува Че Гевара како домородец но и како борец против американскиот империјализам претставен преку белоглавиот орел.
Боливија е земјата во која Че Гевара ги биеше своите последни битки, при што беше фатен од безбедносните сили на Боливија потпомогнати од ЦИА и ликвидиран.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за Ноќно искачување на “Ѕвезден Врв“ – Беласица
Скопје на 9 и 10 јуни пулсира во ритамот на Урбан Фест – два дена македонска музика и енергија во Градски парк
Досега најопфатен Оперативен план за претприемништво и вработување на АВРМ: Над 40 мил денари за раст на економското портфолио на стопанството и граѓаните