БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Вистината за тендерските постапки кои се спроведувале во Штип, според ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип

Пренеси го гласот

Во текот на вчерашниот ден од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип во јавноста беа упатени повеќе прашања до Градоначалникот на општина Штип Благој Бочварски.

Од кабинетот на градоначалникот не најдоа за сходно да одговорат на ваквите прашања денеска, ниту пак градоначалникот упати некакво известување во врска со овие прашања.

До нашата редакција пристигна второ-последователна реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Штип, во која тие ги образлагаат своите сомневања во врска со наводни злоупотреби од страна на Градоначалникот на Штип, за кои тој не се изјаснува во јавноста.

Нивната денешна реакција ја пренесуваме во продолжение:

“Поради тоа што градоначалникот не даде одговор на поставените прашања, денес со приложување на договорите ја обелоденуваме вистината за тендерските постапки кои се спроведувале во Штип. Имено, дел од институциите кои се основани од страна на општината – Градинката Вера Циривири Трена, ЈП Исар…, доделувале тендери на компанијата Де лукс, која е во сопственост на членови на фамилијата на градоначалникот. Фамилијарната компанија, од стапувањето на функција на Бочварски, до денес добила околу 5.000.000 денари од институции кои се на територијата на општина Штип.

Дел од овие институции се под директна надлежност на општината, затоа прашуваме:

Дали градоначалникот влијаел врз изборот на најповолната понуда?

Дали ова не е судир на интерес?

Вака ли се враќаат парите кај граѓаните?”

-запрашаа јавно од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип.

Во продолжение ги споделуваме и документите кои што во прилог на партиската реакција беше доставена до нашата редакција од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип:

Креирано од:


Пренеси го гласот