“Додека чекаме одговор од Пендаровски и Ковачевски за скандалот во МО со балансерот на кој му кумувала Славјанка Петровска, погледнете како министерот за внатрешни, на крај на мандат, на веќе договорен датум за избори, склучува договор на 3 (три) години за изнајмување на принтери.
Скоро 900.000 евра за изнајмување на принтери!
За тие пари министерот можел да купи 3000 принтери. (!)
Практично, на секои 3 вработени би имало по еден принтер и истите би биле во сопственост на МВР.
Вака, скоро милион евра ќе отидат во ветер, затоа што тие принтери после користењето фирмата си ги зема назад.
Домаќински, нема што. Или провизија е во прашање?”
-реакција упатена преку социјалните мрежи на пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција