БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски во интервју за Прес24: Нема потреба од средби со Ковачевски. ДУИ оди во опозиција

Пренеси го гласот

Во своето прво интервју за оваа 2024 година Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ зборува за повеќе актуелни политички прашања кои што се од интерес на целокупната Македонска јавност.

Христијан Мицкоски на прашањата поврзани со техничката динамика на спроведување на изборниот процес преку формирањето на т.н. техничка (пржинска) влада ја отфрли можноста за тајни средби со премиерот Ковачевски, ја нагласи потребата за бришење на законската можност за формирање на ваква влада во иднина а зборува и за динамиката на објавување на персоналните решенија од име на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе учествуваат во техничката влада.

Press24: Се видовте ли со Ковачевски, тој постојано најавуваше тајна средба за техничката влада?

Мицкоски: Не, сме немале никаква средба. И не постои нешто како јавна најава за тајна средба како што кажуваше самиот премиер. И сметам дека нема потреба да се среќаваме на никакви тајни средби. Не знам за Ковачевски, но јас со него немам ништо тајно за споделување. Јас го разбирам него. Сака да имаме средба, потоа тој кај него во партија да им раскажува работи кои не се случиле, да им создава лажна надеж и на тој начин да создава привид за некакво единство, за да ја доддржи партијата во која има евидентно незадоволство по повеќе основи. Тоа се нивни работи, но јас знам дека кога и да имаме средба за тоа ќе биде известена јавноста.

Press24: Имате ли коментар за составот на техничката влада кој го промовираше власта?

Мицкоски: Коментарот за техничката влада е истиот како и за актуелната влада, затоа што речиси тој состав е идентичен. Разликата е што речиси десетгодишниот министер за внатрешни рааботи Спасовски ќе биде заменет на заменичкото место со неговата десна рака, неговиот шеф на кабинет. Ако станува збор за неговите перформанси, сметам дека тука крушата нема подалеку да падне од дрвото и ќе имаме работа со истите луѓе кои споделуваат исти вредности и погледи. Досега Македонија немала толку ужасно лоша влада која донесе живот кој никогаш не бил полош.”

-стои во интервјуто на Христијан Мицкоски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ за порталот ПРЕС24.

Притоа во интервјуто Христијан Мицкоцки ја образложи потребата ДУИ да оди конечно во опозиција после претстојните избори.

bregalnickimarketing

Press24: Рековте дека баравте укинување на техничкта влада, дали тоа ќе го направите доколку дојдете на власт, дали ДУИ толку ве плаши?

Мицкоски: ДУИ никако не ме плаши, ДУИ мора да оди во опозиција. Замислете оваа партија е над дваесет години дел од власта. Таа е дел од сите подеми и падови. Нереформирана збирштана од луѓе кои се прикажуваат за заштитиници на кауза, а впрочем се крадци кои се занимаваат со тендери и провизии. Е сега поради слабоста на СДСМ тие од техничката влада направија мегдан за пазарење и избоксуваа технички премиер. Е токму поради тоа се боревме и предлагавме укинување на техничката влада. “

-категорично соопштува Мицкоски во однос на идните политички разврски по победата на неговата партија на изборите на 8 Мај.

Креирано од:


Пренеси го гласот