Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Дали 29 илјади евра се доволни да се испере лошиот однос на актуелната власт кон вевчанци?

Пренеси го гласот

Во изминатите неколку години додека СДСМ и ДУИ владеат во Македонија целокупната јавност беше сведок на немили сцени за време на одржувањето на Вевчанскиот Карневал, како директен резултат на односот на власта кон вевчанската традиција.

Така јавноста беше сведок на полициски кордони, фрлање солзавци, полицајци во целосна борбена готовност за време на одржувањето на Вавчанскиот карневал, при што тогаш Вевчанци реагираа на соодветен начин со укање и исвиркување на постапките на полицијата предводена од Оливер Спасовски.

Покрај ваквиот репресивен елемент против вевчанската традиција која што ниту една власт со векови наназад не успеала да ја уништи, со години наназад овој спектакуларен театар на отворено е заборавен од власта на СДСМ и ДУИ со незначителна финансиска поддршка од страна на Министерстовот за култура како најнадлежно за одржување на оваа манифестација.

Денеска на социјалните мрежи Министерката за култура Бисера Стојчевска Костадиновска пред крајот на владеењето на актуелната власт на неколку месеци пред избори се пофали со доделување на околу 29 илјади евра за организацијата на Вевчанскиот Карневал.

“Со 1.8 милиони денари за „Вевчанскиот карневал 2024“ ја зацврстуваме македонската културна вредност која трае и која со својата автентичност е препознаена во Европа и во светот.

Задоволство ми е што денеска со градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски го потпишавме Договорот за годинешното издание на карневалот потврдувајќи ја уште еднаш подготвеноста на Министерството за култура за поддршка на проекти кои се македонски бренд, но и подготвеноста за отворен и креативен дијалог со нашите корисници.

Ги поддржуваме вевчанци кои имаат посебен дух и гостопримство, посебна креативност, духовит и критичен однос кон општествените случувања, кои од година в година се попривлечни и поатрактивни за светските медиуми и за гостите од регионот и од Европа.

bregalnickimarketing

Почестена сум што од денеска имам и вевчански пасош со кој станав дел од посебното и единствено вевчанско семејство, од Општината – држава Вевчани, како што си ја нарекуваат локалните жители, а по нив и сите ние.”

-напиша Министерката Бисера на фејсбук.

Останува на наредните избори дали овие 1.8 милиони денари се доволни да ги исперат сите пакости кои што актуелната васт на СДСМ им ги направи на Вевчанци.

Креирано од:


Пренеси го гласот