БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Жител на делчевското село Габрово се “заблагодари” на честитките на Премиерот

Пренеси го гласот

На премирската честитка за нова година упатена до Македонската јавност преку социјалните мрежи од страна на Димитар Ковачевски, голем број на граѓани во коментари му укажаа на лошите резултати од владеењето на СДСМ чија што влада ја предводи токму Ковачевски.

Поопфатена “благодарност” за честитките од страна на Премиерот упати во коментар жител на делчевското село Габрово чиј што текст го пренесуваме во продолжение:

“Фала многу на честитките Димитар. За нашата среќа, радост и спокој не се секирај. Еве јас и сопругата со мојата пензија од 200€ сме радосни и среќни па и спокојни, а ќе бидеме уште поспокојни ако ти Димитар останеш премиер(а тоа го кажуваат сите анкети😀) да не водиш кон светлата ни иднина, а на твојата сопруга да и тргне бизнисот со струјата од фотоволтаиците на државно земјиште од 1€ за М2. Цената на земјиштето малку ја оскапивте ама белким ќе се покриете да не идете во загуба. Ние нашите деца ги испративме во странство бидејќи јас како родител неможев да им обезбедам светла иднина во “вашата земја”, бидејќи вашите проевропски сојузи два пати ме прогласуваа за стечаец и два пати останував без работа. Се глеадаме на 8-ми мај 2024❗️

-му напиша на фејсбук Митко Димитровски- жител на делчевското село Габрово.

Ваквиот коментар на Митко остава најголем впечаток кај следбениците на фејсбук страната на Димитар Ковачевски со огромен број на реакции на одобрување. Истиот е споделуван и меѓу X заедницата каде се иронија и подбив се пренесуваат честитките на актуелните функционери на СДСМ.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот