БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: Тажно е да се гледа како СДСМ го моли ДУИ за предизборна коалиција

Пренеси го гласот

Во рамки на своето денешно интервју дадено за порталот Прес24 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ меѓу другите актуелни теми зборуваше и за состојбите во владината коалиција.

Одговарајки на новинарско прашање Мицкоски упати жалење за состојбата во која се наоѓа СДСМ која е доведена до ситуација да ги моли своите сегашни коалициски партнери од Владата ДУИ за предизборна коалиција позади која би го сокриле својот политички дебакл кој ќе се случи доколку СДСМ сами би излегле на избори.

Press24: Ковачевски повика на создавање на европски фрнт, дали ДУИ ќе им се придружи на заеднички листи?

Мицкоски: Жално е да се гледа на какви ниски гранки падна СДСМ и се доведе себе си под својот минимум што го покажуваат и анкетите. Си ја руинираа партијата поради недоследните политики. Уште пожално е како ги молат од ДУИ да коалицираат со СДСМ само да го ублажат својот пораз. Практично се сведоа на тоа ДУИ да е спасителот на СДСМ и се крстат во нив. ДУИ во носењето на оваа одлука треба да мисли на својата иднина и ако се доследни тогаш треба да се стави крај на непринципиелните коалиции. Што се однесува називот европски фронт, би рекол дека најголеми непријатели на европската идеја се токму СДСМ и ДУИ. Кој од народот ќе поверува во тоа дека истиве се европејци, а приватно договараат тендери и како тапкароши крадат од најмалите службеници до најголемите директори. Навистина е европејски што дури и оглас за дрвосечачи на Македонски шуми го местат па бараат Албанци за ова работно место во Кавадарци и Паланка. Па од авион се гледа што прават. Или вистински европејски вредости се тоа што при огромен скандал со цитостатици на Онкологија, нема ниту официјална истрага, не пак обвинение. Или тоа што претседателката на Врховен сакаат да ја разрешат затоа што не послуша насока од власта. Тоа се тие критериуми кои се се друго, само не европејски вредности.

-рече во рамки на своето интервју за порталот Прес24 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот