БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Власта наместо да се сврти кон реалните проблеми на граѓаните, поради неспособност дефокусира со националистички теми

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Живееме во тешки времиња. Како никогаш порано, Македонија не била толку понижувана и потценувана. И од внатре и од надвор. Живееме во време на крајна геополитичка затегнатост и владеење на безумие поттикнато од алчност и страв.Францускиот претседател предупреди на ескалација на состојбите. Кога светските лидери прогнозираат дека цели континенти ќе останат без храна и кога сите држави размислуваат и преземаат мерки за преживување на следната зима што доаѓа, нашите “владатели” од ДУИ и СДСМ кои се одлепени од реалноста и кои живеат во свој свет, бесрамно излегуваат со јавни настапи дека состојбата е под контрола и се “хвалоспеваат” еден со друг.Како да не гледаат дека изјавите им се контрадикторни и дека (не)делата ги демантираат.

Така зборуваа и за кризата со КОВИД, па станавме држава со најголем број на починати лица, така зборуваа и за модуларните болници од кои дебело се нафатираа затоа што не ги градеа по стандарди, така зборуваа и за електричната енергија и парното, а секојдневно финансиски ги задолжуваат идните генерации, така зборуваат и денеска за недостатокот на основни животни намирници. Неодговорноста оди до таму што житото што ќе ни ги даде Србија (оти ние станавме неспособни сами да си произведеме), ќе сме го извезувале во Косово, Грција итн. Македонија и нејзините граѓани ја има несреќата да ја владеат неранимајковци од типот на Заев, Пендаровски, Ковачевски, Спасовски, Ахмети, Груби, Османи кои немаат ништо свето и ќе направат се’ за да останат на власт.

Ја имаме и несреќата министер за локална самоуправа да ни биде Милевски кој наместо да се грижи како да им помогне на општините што ги дотераа до питачки стап од презадолженост, сака да биде геополитички експерт и да ја решавал војната во Украина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Горе набројаните, наместо да се свртат кон реалните проблеми на државата, а во недостиг на визија, знаење и капацитет, повторно по кој знае кој пат се обидуваат да дефокусираат со споредни и националистички теми од типот на двојазична униформа на полицијата, резултати од попис и секако правото секој да може на нотар да избере дали да биде маж или жена. Се’ друго средивме во државата, уште тоа ни остана.

Село гори, баба се чешла.

#Неспособни#Однародени#КупиДенПомини

-реакција упатена до јавност од пратеникот Драган Ковачки- член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace