БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ е првата голема политичка партија која предложи жена за Претседател на државата

Пренеси го гласот

ВМРО-ДПМНЕ во соработка со „Конрад Аденауер“ денеска одржа работилница чиј мотив е Гласот на жените во пратеничката група и професионализирање на работата на жените во Собранието на Република Македонија.

Дебатата за улогата на жените во политиката претставува чекор напред во долгогодишната борба за нејзините права и позиции кои доживуваат унапредување. Оваа дебата особено значење наоѓа на Балканот, место каде рушењето на стереотипи и предрасуди е навистина потребно, но и во регионот каде се забележува значеен напредок споредено со годините наназад.

Конзервативизмот не е кочничар на позитивните процеси туку иницијатор на зачувувањето на традиционалните морални вредности и доблести. ВМРО-ДПМНЕ целосно ја признава и вреднува улогата на жената, која е значаен фундамент во сестраниот развој на општеството, но и од нашата историја. Македонската жена е активен чинител на сите историски настани и борби на нашиот народ, било да е периодот на славниот Илинден чиј код го носи ВМРО, или Народно ослободителна борба.

Жените денес се дел од секојдневното функционирање на партијата, пратеничката група е само еден од сегментите, тука е и функционирањето во рамките на Извршниот Комитет, Централниот Комитет и Комисиите кои секојдневно работат во ВМРО-ДПМНЕ. Стереотипите се тие кои треба да се рушат.

ВМРО-ДПМНЕ е првата голема политичка партија која предложи жена за Претседател на државата. Госпоѓата Гордана Сиљановска – Давкова е исклучителна личност со силен карактер и интегритет, со што докажавме дека ВМРО-ДПМНЕ го признава значењето и улогата на жената во општеството. Така ќе продолжиме и во иднина.

Ве уверувам дека особено внимание ќе посветувам, откако ќе ја превземеме одговорноста да управуваме со државата, жените да се активен чинител во обновата која треба да ја донесеме, да имаме жени министри, директорки, раководители на институции. Родовата еднаквост не е само бројка туку начин на дејствување.

Креирано од:


Пренеси го гласот