Почитувани,
Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ на партиски штаб во населба „Усова Чешма“, како и повеќе билборди на територија на Општина Кочани ноќеска биле вандализирани со пораки со политичка содржина.
Непознати лица, ноќта помеѓу 03.10.2017 година (вторник) и 04.10.2017 година (среда), имаат извршено оштетување и нагрдување на повеќе партиски штабови и билборди на ВМРО-ДПМНЕ Кочани во градот.
Партијата ги пријави инцидентите во канцелартија на ОБСЕ и во МВР и побаравме да преземат соодветни законски мерки за пронаоѓање и утврдување на одговорност на сторителите со цел создавање услови за непречено одвивање на предизборна кампања. Мора да истакнам:
За жал, демолирањето партиски штабови, насилството и вандализмот се дел од долгогодишното политичкото „искуство“ на нашите опоненти. Се надевам дека навременото реагирање на надлежните ќе го спречи овој однос кон политиката и ќе спречи понатамошно ескалирање на настаните преку заплашување и компромитирање на демократските процеси.
Ваквите вандалски чинови и акти се по нечии налог и нечие укажување, бараме од опонентите да се потсетат на кодексот кој беше потпишан и да постапуваат по истите. Единствен начин да се спречи ваквото однесување е да се пронајдат виновниците и да ја понесат одговорноста за своите постапки, се друго ќе биде оценето како лицемерие и се плашам дека ако не се постапи соодветно значително ќе наштети на угледот на општината, државата, демократските процеси како и на односите помеѓу нашите сограѓани.
Како носител на листата и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Кочани ви порачувам и ви ветувам дека инцидентите, пораките на заплашување или вандалското однесување, нема да ја обесхрабрат партијата да го задржи политичкото достоинство, покрај ваквите и слични провокации ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи да ја води кампањата на високо демократско ниво со една единствена цел а тоа е развојот и напредокот на општина Кочани.
Со почит,
ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието