БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прес на носителот на советничка листа од СДСМ Кочани – Томе Солевски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Носителот на советничката листа од СДСМ за Кочани, Томе Солевски денес одржа прес. Во истиот без некакви докази, како неосновани обвинувања наведе расипничко торшење на парите од локалната власт. Обвини и за недоволно квлитетно асфалтирани улици, како да заборави дека половина град во време на СДСМ не беше асфалтиран. Но, тоа ќе го проценат граѓаните. Пресот го пренесуваме во целост:

“Почитувани сограѓани,

Подолг период парите на граѓаните се трошат неразумно, расипнички. Пари за фантастични ручеци, скапи автомобили, за семејни патувања… луксузирање на сметка на граѓаните. Се нагледавме на исполнување лични желби и страст за поголема моќ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

А граѓаните, газат по ископани асфалти, родители молат за сместување на нивните деца во градинките. За спортски и културни објекти нема пари за одржување. Училиштата тонат во баснословни долгови …

Почитувани сограѓани,

Општинскиот буџет треба да ги следи потребите на СИТЕ граѓани. Кратењето на непотребните трошоци е приоритет за нас. На тој начин парите ќе одат кај граѓаните – таму каде што припаѓаат. Ќе има повеќе за улици, тротоари, култура, спорт, за поддршка на локалната економија, за младите и старите, за учениците, студентите и земјоделците. Подеднакво за сите.

Такво домаќинско управување ќе биде првиот чекор кон подобар живот: за нови работни места, повисоки плати и целосен напредок на општината.

Парите мора да се наменуваат за потребите на граѓаните. Да има подобар живот за сите!”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace