ВМРО–ДПМНЕ пред неколку месеци најави поднесување Закон за амнестија за сите инволвирани во случајот од 27-ми април.
Власта сега со најави за некакви комисии или форуми во Собранието за наводна правда, не прави ништо друго освен обид за замајување на јавноста и обид за селективна правда што во суштина е неправда.
ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во комисии кои треба да обезбедат селективна слобода само за оние кои учествуваа во гласањето за потреба за уставни измени произлезени од договорот со Грција.
Затоа ќе поднесеме предлог закон за амнестија за сите инволвирани во случувањата за 27-ми април и власта доколку е за вистинско помирување и правда за сите, истиот предлог ќе го прифати. Текстот на овој предлог закон ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе на разгледување до сите парламентарни партии.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
НУБ “Св. Климент Охридски” Скопје достојно го одбележа денешниот празник
Фатена уште една голема пратка на дрога во Македонија
Вака изгледаат интензивните градежни работи на автопатот Тетово- Гостивар на Коридорот 8 од воздух