Силата, мудроста и можностите за создавање на подобра иднина за граѓаните на Република Македонија од страна на ВМРО-ДПМНЕ лежат во тимската работа. Секој Македонец е добродојден и очекуваме да одговори на повикот на татковината за да создадеме заеднички подобра иднина за ова парче Македонска земја.
Нашата сила е народот, нашата мудрост е традицијата и искуството а нашите можности се креираат со капацитетот на најдобрите поединци во секоја сфера на општествениот живот како во Делчево така и во Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ е непресушен извор на високостручни и професионални кадри кои што можат и ќе донесат подобар живот за секој граѓанин.
Влегуваме во техничката влада за да обезбедиме фер и демократски избори за да Македонија повторно биде држава на граѓаните, на народот. За да обезбедиме поинаква подобра перспектива во институциите кои мораме да ги ставиуме на располагање на секој еден граѓанин. Вистински народни институции кои што ќе бидат вистински сервис за граѓаните.
Стефан, Цветан, Панче, Елена, Ѓоко се едни од нас, луѓе од народот кои во име на нашата подобра заедничка иднина ќе остават свој афирмативен белег за тоа како на вистински начин се сака Македонија.
Македонските граѓани заслужуваат подобро, Македонија заслужува да биде модерна демократска држава во функција на Македонскиот народ.
-Коментар на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево упатен преку социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”