Градоначалникот на општина Карбинци заедно со активисти на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци во текот на денешниот ден спроведоа донаторска акција со која на повеќе семејства кои што имаат првооделенци им поделија училишен прибор во пресрет на новата учебна година.
“Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карбинци и Унијата на Жени организиравме хуманитарна акција каде поделивме училишен прибор на повеќе семејства кои имаат ученици и на кои оваа помош им е најпотребна.
Сакам да упатам и голема благодарност до фирмата ЕАМ од каде добивме и подарок за сите првачиња по една маичка за успешен и среќен старт на новата учебна година.
“
-информираше градоначалникот Виктор Паунов во оваа прилика.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Петрушевски: Левица смета дека РЕК Битола треба да се затвори и 3000 битолчани да останат без работа, а тоа значи дека автоматски се залага и домаќинствата да плаќаат до 30% повисока цена