БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Длабок поклон на Градоначалникот Миле Петков пред бистата на Кирил Михајловски- Груица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска со највисоки почести во Виница беше одбележана 78 годишнината од ослободувањето на овој град во Втората Светска Војна.

Делегација на општина Виница предводена од градоначалникот Миле Петков заедно со претставници на локалните институции и здруженија денеска по тој повод положија букети со свежо цвеќе пред бистата на народниот херој Кирил Михајловски- Груица во Виница.

“По повод 78 годишнината од ослободувањето на Виница од страна на Четвртата македонска ударна бригада пред спомен обележјето на Кирил Михајловски-Груица одадовме почит на сите наши родољуби кои ги положија своите животи за македонската држава.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На 23 јули 1944 година на планината Плачковица, на врвот Лисец е формирана 4-тата македонска ударна бригада. Командното раководство било во состав: Командат на Бригадата Боро Милевски од Штип, заменик на командант Васко Карангелевски од битолското село Брусник и политички комесар Кирил Михајловски-Груица од Виница.

На 30 август во раните утрински часови, Бригадата го нападнала градот Виница. Во Виница имало околу 40 бугарски полицајци кои биле протерани и избегале кон Кочани. На плоштадот се собрале жители на Виница и жители од околните населени места, пред кои е одржан говор и била прославена победата и ослободувањето од бугарскиот фашистички окупатор со песни и ора.

Значајно е да се напомене дека нашиот сограѓанин народниот херој Кирил Михајловски-Груица политички комесар на 4 бригада и командант на 50 и 51 дивизија е организатор и командант на литијата од 2000 македонци, кои на 10 октомври 1946 година, од Софија во Скопје ги пренесуваат моштите на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев.”

-соопшти во јавноста градоначалникот Миле Петков.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace