Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани до јавноста упатија свој повик до сите граѓани на Кочани да се придружат на настанот кој што се организира утре (сабота) 30.11.2019 година во Градскиот парк во Кочани.
Најавено е присуство и средби со граѓаните на Кочани на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој ќе има и свој говор пред кочанчани.
Настанот е закажан за 13.00 часот каде секој граѓанин ќе може да ги сподели своите размислувања и идеи за актуелните проблеми со кои се соочуваат жителите на Кочани во секојдневниот живот, како и визија предлог проекти за иднината, кои ќе влезат во предвид во предизборната програма за парламентарните избори кои е најавено дека ќе се одржат на 12 Април.
Во продолжение во целост ја пренесуваме интегрално прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани:
Почитувани сограѓани,
Почитувани присутни!
ОК на ВМРО ДПМНЕ КОЧАНИ Ве поканува во сабота на 30-ти ноември во градски парк во 13 часот, #Сите заедно да се #Приклучиме на #Обновата на државата, заедно да ги започнеме #Разговорите за обнова на Македонија!
Да излеземе од чаурата на пасивноста во која не фрли и секојдневно се повеќе не врзува она што се нарекува Власт, заедно со нивната некреативност и безидејност. Сакаме Сите заедно, со вашите идеи и предлози да ги започнеме #Разговорите од кои ќе произлезат нови и квалитетни решенија. Да го фрлиме клучот од старата нефункционална #Матрица и да гледаме со #Прогрес кон Иднината.
Ќе разговараме за сите проблеми и заедно ќе ги решаваме.
На настанот ќе присуствува и ќе има свое обраќање пред граѓаните на град Кочани, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф.др. Христијан Мицкоски.
Кочани e за обнова!
Се гледаме во градски парк Кочани
На 30.11.2019 во 13.00 часот (сабота)
Не чека #ОбноваНаМакедонија!
Со почит!
ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево