БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ со женска платформа против неправдите во државата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на вчерашниот ден Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ стартуваше со имплементација на својот досега најголем проект за афирмација на влијанието на жените во политиките на партијата и државата. Проектот именуван како “Женска платформа” се содржи од петмесечен циклус на обуки работилници и предавања низ кои учесничките ќе можат да научат повеќе за разни сегменти на политиките на општествено влијание во Македонија.

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска го отвори настанот со огромна доза на самодоверба:

Верувам во сите вас, стојам зад вас жените, инвестираме во вашиот капацитет и квалитет затоа што само така, со силни жени ќе возобновиме демократското општество кое во моментот е згазено од партијата на власт. Секоја една е непресушен извор на потенцијал и капацитет

-рече Ласовска.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во дизајнираниот пакет обуки, првиот модул е наречен Политички систем и владеење на правото преку кој учесничките ги анализираа политичките системи кај нас и во рамки на Европската Унија. Професорката Гордана Силјановска Давкова ја оддржа првата обука на жените учеснички на Женската платформа.

Зборот политика е женски род. Политиката се учи и таа не треба да биде чудовиште, ние жените можеме да ја направиме уметност исто како што од животот правиме уметност на можното уште кога раѓаме деца,

-изјави Силјановска.

Професорката Гордана Силјановска беше своевиден пример во спротивставувањето на неправдите во Македонија со тоа што во предизборната кампања за Претседателските избори понуди концептуално-силна платформа за почитување и практикување на правото и правната држава кои што во толку голема мера недостигаат во Македонија.

Жените се клучен актер за оддржлив развој на едно општеството, а родовата перпектива е веќе широко препознаена и во рамки на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Жената нема многу слободно време, ама избира да се занимава со политиката. Оваа стимулативна програма ја јакне можноста за кариерен развој на секоја жена од една страна, а од друга страна ја поттикнува да се носи со идните предизвици од нејзино вклучување во политиката

– изјави координаторката Ирена Тодороска која заедно со избраните предавачи ќе ги води учесничките во оваа платформа на Унијата на жени.

Креирано од:


Пренеси го гласот