Се повеќе загрижуваат информациите во јавност за отпуштања на работници од приватниот сектор. Оваа бројка на отпуштени вработени само во Штип ја надминува цифрата од 1700 отпуштени граѓани од работа, со дополнителна најава за отпуштење на нови 300 вработени од локалните фирми во Штип.
Со тоа бројката на ново-невработени штипјани од 2020 година ќе изнесува над 2000 осиромашени граѓани со загрозена животна егзистенција.
Овие шокантни и загрижувачки информации беа дел од прес конференцијата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип чиј што текст го пренесуваме во продолжение:
“Сигурните раце на СДС нѐ втурнаа во социјална криза и сиромаштија!
Најмалку илјада и седумстотини граѓани, кои работат во приватен сектор, во 2020 година останаа без работа. Само во текот на јануари оваа година, ќе бидат отпуштени дури 300 работници од локалните фабрики.
Негативниот биланс на состојбите во бизнис секторот ќе осиромаши најмалку 2000 семејства.
Од друга страна пак, само што заврши изборниот период, СДС објави повеќе од 150 огласи за вработувања во јавниот сектор. На последната седница на Советот на Општина Штип, си обезбедија простор и законски основ за вработување на 15 нови лица во локалната самоуправа.Така оваа партија се грижи за граѓаните!Политичките војници се наградуваат со сигурни плати од џебот на граѓаните, а сите останати со несигурна иднина под Агенцијата за вработување.”
-соопшти Весна Ничева од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Штип.