На денешната 29-та Собраниска седница ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата не гласаше за законот за пописот на населението и домаќинствата. Според координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, ова законско решение власта го истурка на сила, со скратување на постапките и без јавна дискусија и јавни дебати. Не се прифатени 26-те амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, односно 37 на целокупната опозиција и ефектите од ваквото законско решение ќе се видат наскоро од страна на граѓаните, а одговорноста ќе биде на СДСМ и нивните коалициони партнери. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласаат за ваквото законско решение.
-Овој закон е повторно по скратена постапка со европско знаменце, со неколку козметички измени кои немаат никаква допирна точка со регулативите на Европскиот парламент со препораките и стандардите. Последниве денови се лецитира со проценти и признавање, односно непризнавање на резултатите од пописот кој што треба да се спроведе. Што ми дава за право да констатирам дека нашите забелешки се оправдани и дека повеќето забелешки меѓу кои и врзаниот потпис на директорот и заменикот има некаква улога во ова законско решение и дека пописот од статистичка преминува во политичка операција, изјави од собраниската говорница Мицевски.
Ваквото предложено законско решение, рече Мицевски нема да биде објективно и фер, овој законски текст нема да биде релевантен, туку иреален попис.
-Го истуркавте ова законско решение на сила, со скратување на постапките и без јавна дискусија и јавни дебати. Не беа прифатени 26-те амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, односно 37 на целокупната опозиција и ефектите од ваквото законско решение ќе се видат наскоро од страна на граѓаните, а одговорноста ќе биде ваша. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласаат за ваквото законско решение, изјави Мицевски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“