БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Делчево за викендот поднесени кривични пријави против 4 лица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Според дневниот билтен на МВР од вчера 15.12.2019 година надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево поднела кривични пријави против 4 лица за два различни случаи.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.С.(18) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 03.08.2019 на патот Делчево – Пехчево, кај с.Стар Истевник, делчевско, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Исто така Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.Б.(28), К.Д.(30) и Ј.С.(40), сите од с.Габрово, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 16.11.2019 на ул.„Ѓорче Петров“ во Делчево, пријавените физички нападнале полициски службеници кои интервенирале по пријава за физички напад извршен од нив врз лицето С.Д..

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот