БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Карбинци ќе се реконструираат Подрачните основни училишта

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов денеска во јавноста ја најави реализацијата на проектите за реконсструкција и доградба на објектите за подрачните училишта во неколку населени места.

Обезбедени се финансии од 11 милиони денари за реконструкција и доградба на објектот на подрачното основно училиште во селото Таринци а теренските градежни работи ќе започнат по завршување на школската година.

Исто така градоначалникот најави проекти за реконструкција на училиштата во селата Радање и Долни Балван.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

▶️ За една година општина Карбинци направи нова техничка документација и од денес официјално се обезбедени и финаниски средства за Реконструкција и доградба на ПОУ во Таринци.

11.000.000 денари обезбедивме од министерството за Локална Самоуправа од програмата за намалување на диспаритетите каде што и општината ќе има свое кофинансирање.

🔜 Веќе по завршувањето на оваа учебна година ќе се започне со реализација а од следната учениците ќе продолжат во нова училишна зграда со европски услови и стандарди. 🏫

Следни училишта каде ќе следи реконструкција и се во постапка се училиштата во Радање и Долни Балван.

Ветивме и ги реализираме клучните проекти!”

-информираше денеска за јавноста градоначалниникот на Карбинци Виктор Паунов.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace