БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Македонска Каменица го користи максимално поволното време за подобрување на живеачката за граѓаните

Пренеси го гласот

Нашиот народ за вакви работни околности вели дека “врие како во кошница.” Вработени во ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица посветено работат на повеќе работни позиции низ општината во насока за подобрување на стандардот за живеење на граѓаните. Посветената работа на локалните власти дава резултати на кои што се сведоци самите граѓани кои што на секој чекор низ Македонска Каменица ги гледаат промените. Секако претстојат уште предизвици за чие надминување градоначалникт Димче Атанасовски посветено работи на реализација покрај на проектите од неговата програма ветена на последните локални избори, но и на проекти кои што се директна потреба на самите граѓани со кои тој е во постојана комуникација.

👉 Работиме на подобрување на условите за живеење во заедницата со уредување на повеќе јавни и зелени површини:

⏩ Нова водоводна линија и водомерни единици за потребите на повеќе домаќинства❗

⏩ Пикирање на расад за цветно разубавување на градот❗

⏩ Изградба на секундарна атмосферска канализација на Градскиот кеј и уредување на постоечката кај Стопанска банка❗

⏩Санација на дел тротоарот крај старата градска црква “Св. Илија”❗

bregalnickimarketing

✅ Градиме убава и модерна Македонска Каменица❗

-соопшти во јавноста градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот