По повод 17 Септември, Светскиот ден на чистење на планетата, Општина Кочани се приклучи на глобалната акција со спроведување неколку еколошки акции во градот.
Утрово групи ученици од основните училишта „Раде Кратовче“ и „Никола Карев“ организираа еколошки акции со расчистување на своите училишни дворови.
Во одбележување на овој ден се вклучија и екипи на КЈП „Водовод“, како и ангажираните лица во склоп на проектот Јавни работи мерка 6, кои работеа на расчистување на локалитетот кај Спомен-домот АСНОМ.
Светскиот ден на чистењето е најголемата еднодневна граѓанска акција во светот во која се ангажираат милиони волонтери на сите нивоа од општеството во повеќе од 191 земја за да се справат со глобалната криза со отпадот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”