Изминатиот викенд во Неготино се одржа традиционалниот меѓународен фолклорен фестивал „Манастирски фолклорни средби-2018“.
Учество земаа неколку културно-уметнички друштва од Македонија но и од странство. Со поддршка на општина Неготино , организирано од НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ и Министерството за култура на РМ.
Настанот го отвори претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов. На оваа манифестација на фолклорните средби учествуваа културно-уметничките друштва „Бранислав Нушиќ“ од Владичин Хан, Р. Србија, „Севернач“ од Попово Р. Бугарија, „Тиквеш“ –Кавадарци, „Мирка Гинова“ од Демир Капија „Jане Сандански“ од Ново Село, „Илинден“ од Демир Хисар, „Мугри“ од Кочани и КУД „Јане Сандански“ од Неготино.
Љубителите на фолклорот од општина Неготино како и сите останати посетители, беспрекорно уживаа во традицијата на народната музика .
Благодарници и симболични подароци им беа врачени на сите учесници од страна на директорката на Центарот за култура Гордана Стојановска.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
За Костадин Костадинов битката за градоначалничката фотеља на Струмица е прашање за живот или смрт
СДС се тие кои што го срозија животниот стандард на граѓаните, зголемија цена на струја за 50%, зголемија цени и ДДВ на прехранбените производи
Секретарот на СДСМ беше на закројување лозје. Килим немаше!