Утринава е приведен Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски и Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Митревски од Аеродром.
Апсењето на овие двајца опозициски високи функционери е дел од поширока полициска акција во која се опфатени 10 лица-вршители на јавни дејности.
Во соопштение до порталот Курир.мк МВР упатија одговор за акцијата:
„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. Меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес . Во текот на денот ќе бидат соопштени повеќе детали“.